Резултатите на кандидатите за прием во спортската академија (кошарка), се добиени врз основа на спроведената опсервација, мерење и тестирање на антропометриските карактеристики, телесниот состав, моторните, специфично–моторните и функционалните способности.
Во женската селекција, рангирани се 12–те кандидатки, кои се појавија на терминот за втора селекција и сите 12 успешно ги минаа тестирањата.
Во машката селекција, рангирани се 30–те кандидати, кои се појавија на терминот за втора селекција. Од нив, прворангираните 20 остваруваат право на упис во спортската академија во новата учебна година.