Состанок за среќни и безбедни матурски вечери

Среќни и безбедни матурски вечери, беше темата на 27-от состанок, што Секторот за внатрешни работи Охрид денес го организира со советодавната група граѓани од Охрид.

На средбата што се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески„ беше направена компаративна анализа на прекршоците за време на прославите на матурските вечери. Согласно, аналитичките податоци на СВР Охрид, во изминатите три години како се реализира проектот, за време на матурските прослави не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и нема сообраќајни незгоди поврзани со матурските вечери. Во текот на 2009 година, регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир со одавање под дејство на алкохол во угостителски објект, каде имало матурска прослава.

BezbedniMaturi2

На 27-от состанок на советодавната група граѓани, беше потенцирана успешноста на проектот на СВР Охрид, „Среќни и безбедни матурски вечери“  а беа подржани повеќе заклучоци поврзани со неопходноста од организиран превоз до хотелите каде ќе се прославува матурата, на матурантите и понатака да им се делат влезници за матурската вечер во автобусите непосредно пред тргнување, да се зголеми присуството на ангажираните агенции за обезбедување и нивното ангажирање за преглед посебно кога постои сомнеж за носење алкохол, и предмети погодни за напад, спречување на обидите за нелегален влез на лица кои не се матуранти, да се следи состојбата на местата каде ќе има втора и трета матурска вечер. Посебно, беше искажана потребата од продолжување на присуството на полицијата на места околу школите, сообраќајниците и хотелите.

Посебно се нагласи потребата од започнување на проектот-„Кодекс за пристојно облекување“, наменет за учениците, но и за професорите, а се предложи во пресрет на овогодинешните матурски прослави да се изработи едукативен спот што ќе биде дистрибуиран до сите медиуми.

BezbedniMaturi3 BezbedniMaturi4

Денешниот состанок, имаше превентивен и координативен карактер, беше поврзан со  планираните активности, односно со мерките што СВР Охрид, ќе ги спроведува со цел, безбедно одржување на матурските прослави, постигнување и одржување на висок степен на безбедносна култура и безбедносна свест кај матурантите, како и превенирање на асоцијалното однесување кај младите.