Викендов облачно време со дожд, грмежи и ветер

Викендов во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи, а на некои места и град.

И во Охрид се очекува да биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, како и засилен ветер, најавуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи од 7 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува исто така облачно време со врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови. Температурата во недела ќе се движи од 8 до 18 степени.

Додека во понеделник ќе се задржи облачното време со врнежи од дожд, но ќе имаме малку посвежо време. Температурата во понеделник ќе се движи од 5 до 15 степени.