Каде играат нашите дечиња?

Имаме ли доволно детски паркови во градов каде што може безбедно да си играат нашите малечки?! Можеме ли слободно да ги оставиме и да веруваме дека ништо опасно нема да им се случи?!

Според фотографиите не е така, зашто играњето на овие деца во водите на Билјанините извори очигледно е опасност за нив, кои при секое фрлање и шутирање на топката во изворите, мораа од страв да побараат и да ги замолат повозрасните да им ја извадат топката. Сепак, една несакана слика во која децата се изложени на несакана опасност. И тоа не е само таму! Нашите деца немаат доволно паркови и игралишта за игра и затоа играат кај ќе стигнат, а најчесто, за жал, и на небезбедни места.

Deca2WebOhrid