Во организација на Филмскиот Фонд, во соработка со Руската амбасада, Рускиот културен центар-Софија, Министерството за култура, Кинотека на Р. Македонија, НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, започнаа со реализација на заедничкиот проект со наслов ВОЈНА И МИР ВО РУСКИОТ ФИЛМ.
Ревијата на руски филмови започнa со прикажување на филмови на 9-ти мај, и продолжува се до 17 мај 2013 година. На 15 мај, среда со почеток во 20 част во Центарот за култура ќе се прикажува рускиот филм Ѕвезда во режија на Николај Лебедев,сценарио на Евгениј Григорјев, Николај Лебедев, Александар Бородјански. Улогите ги толкуваат Игор Петренко, Артем Семакон, Алексеј Панин .Филмот „Ѕвезда“ е заснован врз истоимениот роман на Емануил Казакевич.
Во четврток, 16 мај со почеток во 20 часот ќе се прикажува филмот Ослободување-петти дел, во режија на Јуриј Озеров, сценарио на Јуриј Бондарев, Оскар Курганов, Јуриј Озеров . Улогите ги толкуваат Михаил Уљанов, Василиј Шукшин, Николај Олјалин.
На 17 мај, петок со почеток во 20 часот ќе се прикажува рускиот филм Жерафите Летаат во режија на Махаил Калатозов, сценарио на Виктор Розов.Улогите ги толкуваат Татјана Самоилова, Алексеј Баталов, Василиј Меркурјев.