У19 победа на Македонија на гостувањето против Бугарија

Македонската репрезентација до 19. години ја совлада Бугарија со 1:0 во контролен натпревар одигран во Благоевград.  Погодокот за победа на нашата селекција го постигна Демир Имери, фудбелерот на Работнички беше прецизен во 62. минута од натпреварот. Македонската репрезентација не искористи две одлични шанси за удвојување на предноста и потврда на победата преку Христијан Костовски. Со триумфот на гостувањето во Благоевград, нашите надежи им се реваншираа на бугарите за поразот во Скопје од 3:1. Селекторот на нашата репрезентација, Алексо Мацков го започна натпреварот во состав: Шишковски, Ристевски, Асани, Зајков, Каракамишев, Велковски, Демир, Бојку, Марковски, Стоилов и Костовски. Во игра влегоа Алексовски, Костадин Зајков, Митров, Сулејманов, Иванов и Малиќи.

„Одигравме одличен натпревар, конечно и резултатски можеме да бидеме задоволни. Бевме доминантни, посебно во второто полувреме кога создадовме неколку одлични шанси за погодок. Тимот е во фаза на подготовка, но радува тоа што од натпревар во натпревар напредуваме. Се надевам дека ќе продолжиме во иста насока, ни беше потребна победа за самодоверба и одговоривме на предизвикот“, изјави селекторот на репрезентацијата, Алексо Мацков.

Нашата селекција до 19.години на 21-ви и 23-ти мај ќе одигра контролен двомеч против Романија на гости, на крајот од месецот гостуваме во Словачка.