Попокатепетл исфрли пепел, можна е ерупција

Мексиканскиот вулкан Попокатепетл доцна синоќа исфрли пепел во висина од 4 километри, а поголем дел од пепелта падна врз околните градови.

Се очекува ерупција, а мексиканските власти преземаат мерки за можно евакуирање. Исто така и војската е распоредена за да помогне во случај на ерупција, кога би требало да се евакуираат околу 11 илјади жители.

Вулканот е тивок последните години, последната поголема ерупција беше во 2000 година.