Охридските матуранти го вежбаат танцот за парадата во петок

Дворот на гимназијата во Охрид замириса на матурата која ќе се случи за неколку дена. Матурантите под раководство на професорката Соња Думбалоска ги увежбуваа и ги допрецизираа движењата и чекорите за кореографијата на Матурската Парада 2013, која ќе се случи во петок на градскиот плоштад во Охрид. Според сериозните подготовки и масовноста, несомнено во петок градскиот плоштад ќе биде преполн со младост и убавина.

WebOhrid/фото: Дим Дон