На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “SEE a Paris”, кој под покровителство на УНЕСКО ќе се оддржи од 22 до 25 мај, во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, која е предвидена за утре, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, г-дин Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, предвидено е да се обрати и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред присутниот аудиториум ќе ги претстави културните и духовните вредности на градот на тема „Охрид- кандидат за Европски град на културата за 2020 година“.
Покрај Градоначалникот на Охрид, на свечената церемонија ќе присуствуваат и Градоначалникот на Измир-Р.Турција и Градоначалникот на Велико Трново-Р. Бугарија, градот кој е прогласен за Европски град на културата за 2019 година.
На маргините на настанот, најавено е дека Градоначалникот Бакрачески ќе оствари средби со високи официјални личности од културниот и политичкиот живот на Париз и Р.Франција.