Приведени три лица кои што кршеле инвентар во кафе бар во Охрид

Синоќа, 24.05.2013 година, околу 22:00 часот, во Охрид  на ул. „Партизанска“ во кафе-барот „План Б“, лицата А.П. (32), Н.Д. (30) и Ф.А. (20), сите од Охрид, влегле во објектот и без повод и причина почнале да го кршат инвентарот, при што присутните лица  вознемирени го напуштиле објектот. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Охрид, а по преземени мерки сторителите се пронајдени и приведени во СВР Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.