Второ место на СП за машката кугларска репрезентација на Македонија

Кугларската репрезентација на Македонија го освои сребрениот медал на Светското екипно првенство во куглање, кое вчера заврши во унгарскиот град Залаегершек.

Во големото финале македонските куглари, загубија од фаворизираната селекција на домаќинот Унгарија со 7:1, откако неколку часа претходно го совладаа сега веќе поранешниот светскиот првак Србија со 5:3.

Поразот од Унгарија беше единствениот за „црвено-жолтите“ на Мундијалот на кој до финалето забележаа пет победи и тоа: Македонија-Црна Гора 7:1, Македонија-Полска 7:1, Македонија-Чешка 8:0, (четвртфинале) Македонија-Австрија 6:2, (полуфинале) Македонија-Србија 5:3.

Големиот успех за Македонија го обезбедија: Дамир Фучкар, Бојан Влаќевски, Сашо Трпковски, Александар Соколовски, Борис Бенедик и Урош Штоклас.