Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Чеде Јаневски прозивката за двомечот против Шведска и Норвешка ќе ја направи на 30 мај 2013 во 12:00 часот во Хотел Александар Палас – Скопје. Тренинг програмата пред патувањето за Малме е на 30-ти мај во 18:30 часот и 31-ви мај во 10:30 часот. Двата тренинзи ќе се одржат на националната Арена Филип Втори.
Експедицијата заминува за Малме на 31-ви мај во вечерните часови преку Истанбул.