Собранието ги изгласа измените во владиниот кабинет

Собранието на Република Македонија денеска го прифати предлогот на Владата за именување нови министри за образование и за труд и социјална политика, како и за назначување нов министер без ресор.

Со Министерството за образование и наука отсега ќе раководи досегашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а на негово место во Министерството за труд и социјална политика доаѓа Диме Спасов, кој досега ја извршуваше директорката функција во скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции е назначен  Џери Наумоф.

Премиерот Никола Груевски во образоложението истакна дека се работи за лица со стручно образование и искуство кои се надева дека успешно ќе ги извршуваат новите функции.