Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, донесе Решение за свикување на шестата седница на Советот, на ден 10.06.2013 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот.
За седницата предложен е следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 4-та седница и Записник од 5-та седница
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид од 01.01 до 31.12. 2012 година
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП „Грaдски гробишта“ Охрид за периодот од 01.01-31.12.2012 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01- 31.12.2012 година
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работата на ЈП „Нискоградба Охрид“ охрид за периодот од 01.01-31.12.2012 год .
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01-31.12.2012 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и Извештајот за работата на ЈП „ Погребни Услуги “ Охрид за периодот од 01.01-31.12.2012 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и извештајот за работењето за периодот од 01.01.-31.12. 2012 година на МЈП „ Проаква “ Струга РЕ Водовод Охрид
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување за период од 01.01 – 31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за периодoт од 01.01 – 31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01.-31.03. 2013 година
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01 – 31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмат за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01-31.03.2013 год.
- Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01. до 31.03.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01 -31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01 – 31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за периодот од 01.01 – 31.03.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 1.07. до 31.12.2012 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за детска заштита за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за култура за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за образование за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за социјална заштита за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за спорт за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013-2015 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за други комунални услуги за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за јавни паркови и зеленило за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за јавни паркови и зеленило за 2013 год. (Капитални инвестиции)
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за јавно осветлување за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2013 година
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2013/2015 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изградба и одржување на системи за водоснабдување за 2013/2015 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за јавнa чистота за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови за општина Охрид за 2013 год.
- Предлог Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2013 година.
- Предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2013 година.
- Предлог Одлука за комунален ред на општина Охрид.
- Предлог Одлука за измени и дополнувања на одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид
- Предлог Одлука за изменување на Одлуката за пренесување правото на сопственост врз движни ствари.
- Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори.
- Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за изменување на Одлуката за отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
- Предлог Одлука за определување на надоместок за членовите за општинската изборна комисија Охрид и избирачките одбори за локалните избори 2013 година
- Предлог Одлука за надоместок на трошоци за избори на организаторите на изборната кампања за локални избори 2013 година за членови на советот на општина Охрид и Градоначалник
- Предлог Одлука за користење на услуги од мобилен оператор.
- Предлог Одлука за давање на согласност за склучување на Договор за соработка за воспоставување на регионален одбор за управување со отпад во Југозападниот плански регион.
- Предлог Одлука за утврдување на зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема (столови и маси) за 2013 година.
- Предлог Одлука за утврдување на микролокации и почетна цена за поставување на рекламни паноа.
- Предлог Одлука за донесување детален урбанистички план за дел од УЗ 12 дел од урбан блок 12.2 опфат 3 ( ул. Болничка) КО Охрид 2, плански период 2012-2017.
- Предлог Одлука за разрешување член од училишниот одбор на ОУ „Христо Узунов“ Охрид.
- Предлог Одлука за именување член во училишниот одбор на ОУ „Христо Узунов“ Охрид.