Во насока на подобрување на статусот на младите луѓе од општина Охрид и нивна поактивна улога во општеството, градоначалникот Бакрачески во својот кабинет денеска оствари средба со Димче Каневче, претседател на Младинскиот Совет на Охрид.
На состанокот се разговараше за идната соработка помеѓу Локалната самоуправа и Младинскиот Совет на полето на локалната младинска политика и партиципација со посебен акцент на вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки.
Од страна на градоначалникот Бакрачески беше нагласен ставот дека во насока на подобрување на комуникацијата и соработката со младите од Охрид ќе се поттикне партнерскиот однос со младинските организации, со цел да се искористи нивниот потенцијал и искуство во подобрување на статусот на младите луѓе од општината.
За таа цел, како прв чекор кој ќе се реализира договорено е формирање на посебно Советодавно тело, кое ќе ги артикулира потребите на младите и ќе одговори на предизвиците на локалната самоуправа за надминување на проблемите со кои се соочуваат младите од Охрид.