Египќаните да ги поддржат кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и Битола

Неформалните лидери на македонските Египќани, Петрит Хусеин и Демир Далип, ги повикуваат своите сонародници Египќаните од Ресен и Битола, масовно да излезат на гласање и да ги поддржат кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен, господинот Ѓоко Стрезоски, додека во Битола, повикуваат да се поддржи кандидатот Владимир Талески.

Демир Далип, инаку овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, истакна дека поддржувањето на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен и Битола, имаат на долгорочен план, стратешки интерес за целосна интеграција на Египќаните во институциите на системот, и нивно активно учество во политичкиот, економскиот и културниот живот.

Петрит Хусеин, инаку поранешен лидер на Политичката партија Сојуз на Египќани, истакна дека со оваа поддршка се отвараат вратите на демократско насочување на активностите на Египќаните, запирање на дискриминацијата и враќање на чувството на припадност на Египќанскиот народ.

И, Демир Далип и Петрит Хусеин, во Охрид, целосно, и безрезервно му ја дадоа поддршката на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, кој уште во првиот круг, издвојува убедлива победа, а Египќаните имаа и тоа каков допринес во тоа.

Оваа победа во Охрид, нека биде поттик за победа на Египќаните и во Битола и во Ресен, истакнаа на крајот Демир Далип и Петрит Хусеин.

WebOhrid