Одржана презентација „Галичица на дланка“ во ОУ Св.Климент Охридски

По повод 5 Јуни Светскиот ден за заштита на животната средина денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ се одржа постер презентација „Галичица на дланка“.

Убавините и богатството на планината со ендемичен растителен и животински свет пред учениците од седмо и осмо одделение од основното училиште ги презентираа Огнен Достиноски и Наумче Новески од Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид.

„Ние како вклучени во овој проект како управа на паркот, имаме задача за зголемување на едукативниот сегмент на најмладите и затоа сме денеска овде присутни. На овој ден на Светскиот ден за заштита на животната средина да дадеме една подршка и малку повеќе да ги запознаеме значи најмладите со можноста за нивно повеќе времено престојување во природата, со нивно запознање и секако поголема грижа за животната средина. Конкретно во Националниот парк Галичица во врска со едукацијата водиме многу внимание како тоа да им го прикажиме на младите и да земат нивно учество во целата едукација“. – изјави Огнен Достиноски, раководител на Секторот за одржлив туризам и еколошка едукација при НУ Галичица.

Како што додаде Достиноски, се надеваат дека ќе имаат еден успешен обид да ја подигнат јавната свест на најмладите, на повиско ниво.

Настанот е дел од проектот „Медиумска писменост и култура “ којшто се спроведува во училиштето, поддржан од Општина Охрид.

WebOhrid