Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЈП „Билјанини извори“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини извори“ – Охрид претставува есенцијален спортски објект кој голем дел од своите активности ги насочува кон развој на рекративниот и масовен спорт со посебен акцент на детската популација, како начин кој обезбедува можности за негување на физичката кондиција и социјалните интеракциски вештини. 

Во таа насока денеска в.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, Иванчо Цветкоски потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Роза Костеска.

Целта на овој договор е негување на физичката кондиција и развивање на социјалните интеракциски вештини кај децата. 

„За нас ова е свечен момент, затоа што првпат во историјата на постоењето на градинката, оваа години бележи 50 години од постоењето, склучува еден ваков меморандум и кое што е од големо значење за правилниот раст и развој на дечињата поткрепено со професионални тренери и учители кои што постојат, егзистираат во овој спортски центар. Целта ни е да ги тргнеме дечињата од постојано седење на компјутер или пред телевизор, што значи ќе придонесеме што повеќе за нивното здравје, малку повеќе да ги извадиме талентите од просечните дечиња кои што понатаму треба да бидат репрезенти на сите спортови во Охрид и да го презентираат градот и во меѓународни рамки“, – истакна в.д. директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Роза Костеска.

Двајцата в.д директори изразија обострано задоволсто за понатамошната соработка.

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги отвори вратите за најмладите со цел истите да се запознаат со спортската инфраструктура, како и реквизитите кои ги поседува Спортско Рекреативниот Центар. За таа цел ќе се организираат часови со кои децата ќе имаат можност на непосреден начин да се запознаат со спецификациите на колективните и поединечните спортови, исто така за време на летниот период ќе можат да го користат и малиот базен.

„Денешниот настан покажува на дело како ќе се развива визијата на дело на локалната самоуправа и на Ј.П. „Билјанини извори“. Ние како што напомена директорката на градинката, на дечинњата ќе им обзедиме кадар кој што ќе им посвети внимание на тие што ќе престојуваат во спортскиот центар. Особено задоволство ми е што можам да потврдам дека со денешното договарање и потпишување овој спортски охридски храм заедно со други објекти кои гравитираат во СРЦ „Билјанини извори“ ќе е отворен за дечињата“, – изјави в.д директорот на Ј.П. „Билјанини извори“ Иванчо Цветкоски.

Како што рече в.д. директорот Цветкоски, со оглед дека се работи за возраст од 3 до 5 годишна возраст почнувајќи од септември  ќе се надгради таа возраст со отворањето на спортска академија каде што правилниот развој на едукацијата на децата, насочувањето да го направат вистинскиот избор кога ќе дојде моментот, да го продолжат во спортската академија која што ќе ги третира дечињата од 5 до 12 годишна возраст.

WebOhrid