Изминатиов викенд во „Еуро Хотел“ Струга се одржа јубилејната 20-та „Комуналијада“ 2013 год.
На овие спортско рекреативни игри кои имаат натпреварувачки карактер учествуваа околу 500 натпреварувачи од комунални претпријатија од Македонија. Со Комуналијадата беа опфатени следните спортски дисциплини: мал фудбал, шах, стрелаштво, куглање, пикадо, влечење јаже, кошарка и пинг-понг, како и работни дисциплини: аранжирање резано свежо цвеќе, миење на јавни површини, изнесување смет и др.
Ј.П. „Охридски Комуналец“ се врати со три освоени пехари и тоа:
* второ место шах – жени.
* второ место миење на јавни површини.
* второ место изнесување на смет.