Успех на македонскиот хокеј клуб Металург на Балканското хокеј првенство

Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ во оваа натпреварувачка сезона настапува во Балканската хокеј лига БАХЛ во Софија, Р. Бугарија. Во изминатите години во оваа лига настапуваа тимови од Грција, Романија и Турција. Денес лигата е поделена на две групи во кои настапуваат 10 клубови. Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ” се натпреварува во А групата.

Изминатиот викенд во периодот од 24 до 26 октомври македонскиот претставник ХК„Металург” од Скопје ги започна натпреварите во Балканската хокеј лига во Софија, Р. Бугарија.

На првите натпревари тимот го сочинуваа: Владе Илиевски,Александер Петров, Ивица Тасков, Кристијан Грчевски, Кристијан Ташевски,Стефан Децковски, Димитри Прокудин, Јуре Внук, Давор Атанасов, Гочмен Тарик, Александар Мијушковиќ, Иван Јовановиќ, Урош Бановиќ, Зоранчо Гриовски и Усо Капонен.

На првиот натпревар на 24 октомври “металурзите” го надминаа минатогодишниот шампион во “А” групата на Балканската лига во хокеј на мраз Ледените Ѓаволи (Ice Devils) со 5: 2. По два гола на овој натпревар постигнаа Јуре Внук и Димитри Прокудин . Конечниот гол го постина Усо Капонен од Финска и го постави конечниот резултат од 5: 2 за Металург.

Во саботниот ден игрите се одигра мечот против НСА каде металурзите победија со 16:0. Нашите хокеари беа доминантни во сите периоди, а најмногу се истакнаа во третиот кој го добија со 800. Стрелци за „металурзите“ на овој меч беа Давор Атанасов, Јуре Внук и Кристијан Ташевски кои постигнаа по три гола, Стефан Децковски и Тарик Гоцмен постигнаa по два гола, додека Дмитриј Прокудин, Урош Бановиќ и Ивица Тасков постигнаа по еден гол.

Во третиот натпревар од оваа сезона се одржа и третиот натпревар кој заврши со победа на „металурзите” од 4:0 се одликуваше со брза и динамична игра и интересни моменти ДЊЕПАР. Во неделниот натпревар двата тима играа на исто ниво но сепка Металург излезе како победник. Головите во овој натпревар ги постигнаа Димитри Прокудин, Кристан Ташевски и Стефан Децковски.

Ams Hokej Metalurg 1