Учениците во Волино ќе добијат најквалитетни услови за образование

Денес градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски го посети селото Волино каде што се врши изградба на ново монтажно училиште со поддршка на Министерството за образование и наука.

„Училиштето ќе има две училници, санитарни јазли и просторија за наставниците. Со ова училиште кое е најсовремено, учениците практично ќе добијат најквалитетни услови за извршување на образовниот процес. Всушност се работи за едно од дадените ветувања во предизборната програма каде што ветените Дела се остваруваат“. – истакна градоначалникот Трајкоски.