Средување на приградските населби и плажи

Ј.П. „Охридски Комуналец” Охрид заедно со Локалната самоуправа спроведе акција за чистење и средување на приградските населби и плажите кои не се дадени под концесија. Со акцијата се спроведува косење, метење и отстранување на комунален отпад.

Денес се вршеше косење и чистење во Лагадин на плажите кои не се дадени под концесија на потегот од хотел Лагадин до автокампот Елешец.

Во претходните денови се изврши средување на селото и плажите во Трпејца и во Пештани.

Во наредните денови ќе се изврши изврши уредување во Елшани, Лагадин, Коњско, населба Исток, Свети Стефан и Рача.

Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ информираат дека со лицата кои ќе бидат сезонски ангажирани ќе можe полесно да се одржува високиот степен на јавната чистота.

SreduvanjePlazi2