Сојузот на спортови Охрид ќе оствари средба со градоначалникот Бакрачески

Сојуз на спортови Охрид организира средба на спортски клубови и спортски работници од Охрид со градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески. Средбата ќе се одржи на 17 јуни (понеделник) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 14 часот.

Од Сојузот на спортови ги повикуваат сите спортски клубови и спортски работници да земат учество на средбата.