И оваа година по 4-ти пат ќе се одржи рекреативна кружна тура со велосипед околу Охридското Езеро, со цел да му се даде почит на најголемиот базен со питка вода, а истовремено да се биде хуман. Оваа година во соработка со Црвениот Крст на град Охрид, настанот добива и нов слоган: „Две тркала и едно срце за Хуманост“.
Учеството е со стартнина од 150 денари, што претставува огромна поддршка за ранливите категории на граѓани.
За прв пат во Охрид, Критична Маса #1, ранливата категорија на учесници во сообраќајот – велосипедистите, масовно со своето присуство по улиците против несовесните возачи на патничките и товарните возила.
Организаторите со апел до сите велосипедисти од Охрид, Струга и сите населени места во околијата, јавно ги повикуваат да земат учество и да се придружат на масовниот собир на 21 јуни во 10:30 часот на Градскиот Плоштад Св.Климент Охридски – Пристаниште.