Обука за укажување прва помош според највисоки европски стандарди

Во рамките на своите активности во делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид од 2009 година започна активна соработка со Операција Флоријан, од Манчестер Англија. Како резултат  на заедничките активности, во изминатиот период реализирани се заеднички обуки во делот на првата помош, безбедност на вода, противпожарна заштита. Успешноста на реализираните активности, пресликана во ефикасната примена на стекнатите знаења во реални ситуации, од страна на членовите на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид и членовите на Територијалната противпожарна единица од Охрид, ја оправда потребата и оваа година Црвен крст Охрид и Операција Флоријан Манчестер, да организира заедничка обука за укажување по прва помош, според највисоките европски стандарди од оваа област, за повеќе субјекти во Охрид и пошироко, меѓу кои за припадниците на Граничната полиција во Охрид, Струга и Дебар, за припадниците на Територијалната противпожарна бригада од Охрид и Струга, за вработените во Капетанијата на пристаништата и екипажите на бродовите, за вработените во Локалната самоуправа Охрид, ученици од средното медицинско училиште.

Обуките започнуваат на 18 јуни 2013, а ќе траат до 25 јуни. Во рамки на обуката, предвидено се и неколку показни вежби на симулација на укажување на прва помош, на јавни места.