Намалени паричните надоместоци на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“

Поради лошата финансиска состојба на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид донесени се предлог мерки од страна на Управниот Одбор на Ј.П. „Билјанини Извори“ со цел санирање на последиците од лошото финансиско работење на претходното раководство.

За таа цел, денес на состанок на Управен Одбор  на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид на предлог на Претседателот на Управниот Одбор м-р Љупчо Танески изгласана е Одлука за намалување на паричниот надоместок на Претседателот и членовите на Управниот и Надзорниот одбор .

Врз основа на донесената Одлука, Претседателот на Управен Одбор ќе зема паричен надоместок од 6000 денари, а членовите на Управен одбор 5000 денари. Претседателот на Надзорен одбор ќе зема паричен надоместок 4000, а членовите  на Надзорен одбор 3000 денари.