По Струга, Воениот оркестар на АРМ вечерва гостува во Охрид

Вчера, граѓаните на Струга имаа можност да се дружат со припадниците на баталјонот за почести на АРМ и да уживаат во звуците на Воениот оркестар кој на мостот на реката Црн Дрим одржа едночасовен концерт. На концертот на Воениот оркестар му претходеше марш при што припадниците на АРМ продефилираа низ центарот на Струга. 

Со особен интерс беше проследена точката на гардистите на АРМ кои ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ со која тие покажаа висока строева извежбаност во работа со пушка. Во текот на концертот, Воениот оркестар изведе повеќе нумери со разновиден репортоар од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба.

Денес, гостувањето на Воениот оркестар и припадниците на баталјон за почести на АРМ продолжува на другиот крај на Охридското Езеро, со одржување на едночасовен концерт проследен со истите содржини со почеток во 19:00 часот на плоштадот кај стариот чинар во Охрид.