СДСМ: Реваншизмот на ДПМНЕ

„ОО на СДСМ Охрид, како сериозна и одговорна партија досега не реагираше на некои несфатливи и неодговорни потези на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески, почитувајќи ги 100-те џентлеменски денови од преземањето на власта во Охрид, но истовремено не навлегувајќи во разни шпекулации за одредени состојби. Но со денешниот чин на врачување за разместување на вработените во ЈП ,,Билјанини извори,, ја прели чашата на толеранција. Имено, несфатливо е како може да се прераспределуваат работници на работни места кои не се според нивното образование и квалификации. Прв на удар на ова прераспределување беше висок функционер на СДСМ – Охрид, организициониот секретар на партијата и доскорешен директор на претпријатието, д-р Боро Шајн, специјалист инфектолог, денеска со решение прерараспределен на работното место – наплатувач на јавен паркинг, и уште други 15–тина лица, членови или симпатизери на СДСМ. Овај потег неможе никако поинаку да се сфати, од тоа дека е  направен од реваншистички побуди, да се заплаши членството на СДСМ и да се атакува на рејтингот на партијата во Охрид. Со ова предизборните ветувања на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија кои се под капа на локалната власт, ќе нема никаков реваншизам, биле чист популизам (а вети јавно рeчиси на сите медиуми дека такво нешто нема да се случи). Апелираме до градоначалникот Никола Бакрачески, директорот на јавното претпријатие Иван Цветкоски, како и до Управниот одбор на претпријатието, уште еднаш да ја преиспитаат и да ја отповикаат оваа несфатлива и крајно нерационална и понижувачка одлука за прераспоредување на личности на несоодветни работни места, а на нивно место да поставуваат лица со несоодветно образование. Со ова само лично се деградираат прераспределените, се прави лош имиџ на Охрид, а СДСМ и натаму ќе биде сплотен како никогаш досега. СДСМ ги известува сите оние кои ќе изразат потреба од правна помош и логистика, дека ќе ја имаат во секое време, за овој случај, но и за другите кои се најавуваат!“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид, испратена до медиумите.