ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без срам бранат поединци кои го уништија градот

„Во време кога ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески заедно со неговиот тим прави историски чекори за подобрување на мизарната состојба во која се наоѓа градот Охрид, сведоци сме на различни манипулации кои ги прават политичките манипуланти се со цел спречување на успешното работење и организирање на градот Охрид и јавните претпријатија.

Кога станува збор за ЈП Билјанини извори, претпријатие кое е наследено со околу шеснаесет и пол милиони денари долг, од кои шест и пол милиони денари треба да се платат до 25 јуни за неподмирени сметки за струја, пет и пол милиони денари да се платат за вработените за четири заостанати плати и уште неколку милионски суми по различни основи долгови кои се направени во времето кога Боро Шајн бил на чело на претпријатието а за кого СДСМ и нејзините политички сателити заедно со нивните претседатели леат крокодилски солзи, треба да знаат дека на Боро Шајн му е дадена можност чесно да си ја заработи својата плата.

Боро Шајн е човекот на кој што од Локалната Самоуправа му беа дадени на стопанисување градските паркинзи, а тој се дрзна на еден невиден начин истите тие да ги предаде во владение на поединци во градот кој што им се добро познати на пошироката јавност за да ги полнат своите џебови на сметка на граѓаните и туристите кои го посетуваат нашиот град.

Сакаме да апелираме дека враќањето на надлежноста на ЈП Билјанини извори кон паркинзите  е прв чекор кон спречување на криминалот и корупцијата и незаконското полнење на приватните џебови блиски до СДСМ и нивните политички сателити.

Инаку Боро Шајн специјалист инфектолог, кој исто така е и специјалист за директорување почнувајќи од Општата Болница, преку Фондот за здравствено осигурување до ЈП Билјанини Извори се уважува да зборува за морал и чесност а беше дел од тајфата на Александар Петрески што допринесе општина Охрид да биде една од најзадолжените Општини.

Ако сакаат да знаат како домаќински се работи нека се огледаат на сегашното раководство на ЈП Билјанини извори кое ги намали паушалите и на Управниот и на Надзорниот одбор, а не да им пречи тоа што некој бил распределен да работи како наплатувач на паркинг.

Ваквиот однос на политичките опоненти предводени од СДСМ укажува на тоа дека нивната етичка и политичка бариера сеуште не е надмината.

Наместо СДСМ со нивните политички сателити да им се извинат на граѓаните за сите зулуми и штети што им ги направија преку Александар Петрески и од него поставените директори на јавните претпријатија, Тие без срам бранат поединци кои што го уништија градот.

Борбата за подобар Охрид продолжува одговорно и чесно пред и над се во интерес на граѓаните“. – стои во реакцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.