„ЈП Билјанини Извори се наоѓа во многу тешка и сложена ситуација. Одлуките кои се носат во овој момент, за жал се продукт на досегашното лошо владение и носењето на лоши финансиски одлуки на предходниот директор. Менаџментот на ЈП Билјанини Извори секојдневно е исправен кон предизвиците за санирање на состојбите во претпријатието. За жал многу од одлуките можеби нема да се популарни но веруваме дека ќе донесат подобра иднина на ЈП Билјанини Извори затоа што без разлика кој е директор најбитно е претпријатието да опстои и да се исправи кон сериозните предизвици кои предстојат.
Зачудени сме и запрепастени со каква леснотија социјал демократскиот сојуз и неговите коалициони партнери изнесуваат куп лаги, невистини и клевети на име на градоначалникот др Никола Бакрачески и менаџментот на ЈП Билјанини Извори
Во име на вистината, др Боро Шајн поранешниот директор во ЈП Билјанини Извори кој е вработен во ЈП Билјанини Извори како “директор” ги направи најголемите менаџерски грешки во раководењето со ЈП Билјанини Извори од кога било претходно со што претпијатието го остави во многу незавидна финансиска ситуација.Да потсетиме јавното претпријатие е оставено со долгови од над 16 милиони денари, неисплатени 4 плати на вработените, без никаква финасиска оправданост и кадровска потреба, по основ на вработени го оптерети претпријатието за дополнителни 34 вработени од кои 19 на неопределено и 15 на определено. Претпријатието должи по однос на неисплатена струја 6. 5 милони денари од кои 5 милиони се веќе отужени пред судските органи, за неисплатени месечни паушали за управен и надзорен должиме 1.4 милиони денари и покрај сите овие показатели без никаков срам градските паркинзи кој претстатвуваат основен дел на функционирање на ЈП Билјанини Извори ги отстапи на веќе познати поединци во градот за да си ги полнат сопствените џебови. Со таа одлука претпријатието не само што се најде пред финансиска колапс, туку и дозволи граѓаните на Охрид и туристите да бидат понижувани и малтретирани, а згора на се да плаќаат енормно високи цени.
Несватливо е да се трошат финансии за пијалоци и канцелариски материјали за политички субјекти а при тоа да се нема за плата, несватливо е да се плати 185.000,00 денари за пехари, маици, топки без јавна набавка, а при тоа да се нема за плата.
Почитувани, Боро Шајн е распореден времено да работи заедно со своите колеги без разлика на образование се со цел да и помогне на претпријатието како би можеле за што побрзо да излеземе од кашата во која што тој не стави, при тоа ниту образованието му е намалено нуту платата што ја зема според работното место кое досега го извршуваше.
Наместо СДСМ и коалиционите партери да им се извинат на вработените и јавноста за сите грешки на менаџерот Боро тие ја манипулираат јавноста и изнесуваат невистини спрема градоначалникот и менаџментот на ЈП Билјанини Извори.
Посебно сме разочарани од лагите и невистините изнесени за градоначалникот др Никола Бакрачески кој што покажа изворедно разбирање за потребите на ЈП Билјанини Извори, со што влијаеше уште на самиот почеток после подолго време да започнеме со исплата на плати, како и со сервисирање на натрупаните долгови. Она што е посебно важно за иднината на ЈП Билјанини Извори за многу брзо ни се врати основната дејност со која што претпријатието ќе добие стабилно финасирање и долгорочно исплата на платите за вработените.
Во име на менаџменот од ЈП Билјанини Извори изразуваме јавна благодарност за работата и залагањето на градоначалникот, за неговото ангажирање со што отворениот базен се врати во сопственост на ЈП Билјанини Извори, во неговото ангажирање за што побрзо да почне изградбата на затворениот базен,и секако за неговото разбирање за сите проблеми кои што ги има ЈП Билјанини Извори.
Почитувани, вработените знаат но сакаме и граѓаните да знаат дека заедно, градоначалникот др Никола Бакрачески и менаџментот на претпријатието, ќе изградат успешна и профитабилна институција во името на ЈП Билјанини Извори. Сите клевети и навреди ги сметаме како политички маркетинг се со цел заштита на своите лоши кадровски решенија и од сето тоа јавно се оградуваме. Верувајте тоа само дополнително не мотивира да успееме во реализацијата на нашиот план, за што ги повикуваме и граѓаните да ни се придружат во напорите за наше залагање да го изградиме ЈП Билјанини Извори, а со тоа генерално да му помогнеме на спортот и развојот на спортската инфраструктура“. – стои во реакцијата на Ј.П. „Билјанини Извори“.