На 21.06.2013 година, околу 10:10 часот, во с.Облавце – општина Старо Нагоричане во семејната куќа на В.К., дошле две непознати машки лица на возраст од околу 50 и 60 години со ПМВ и побарале да купат јагниња и сирење за износ од 200 евра. Откако за тоа платиле со банкнота од 500 евра, а В.К. им вратил кусур од 50 евра и 15.000 денари, истите се договориле дека јагнињата и сирењето ќе ги земат подоцна и заминале со возилото. Бидејќи В.К. и неговиот син Д.К. се посомневале дека банкнотата од 500 евра е фалсификувана, истата ја провериле во менувачница каде им потврдиле дека е фалсификувана, по што случајот го пријавиле во СВР-Куманово. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите.