Обука на вработените во Ј.П. „Билјанини Извори“ од страна на Црвен Крст

Вчера во просториите на Ј.П. „Билјанини Извори“ се одржа обука на вработените од страна на стручни обучени лица од Црвен Крст. Обуката ја следеа вработените на јавниот паркинг простор, се со цел и во овој дел да им се излезе во пресрет на потенцијалните клиенти.

Од Ј.П. „Билјанини Извори“ изразија голема благодарност до Црвениот Крст за поддршката во реализацијата на оваа обука.