Вечерва со почеток во 21 часот во Општина Дебрца ќе започне традиционалниот културен настан Интернационалната уметничка колонија „Дебрца” – с.Белчишта преку која ќе се овековечат убавините на Општина Дебрца преку уметнички приказ. Настанот кој е од големо културно значење за самата Општина е од отворен карактер и се очекува да присуствуваат огромен број на посетители вљубеници на културата и уметноста.