Обележување на Булеварот „Туристичка“ со хоризонтална сигнализација, граѓаните да ги отстранат паркираните возила

Од вечерва екипи ангажирани од Локалната самоуправа ќе започнат со обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на потегот на Булевар „Туристичка“. 

За поефикасно и непречено изведување на работите, Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила на Булеварот „Туристичка“, како би се избегнале и несакани оштетувања на возилата или присилно отстранување. 

Обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе започне во 24 часот. 

Освежувањето на хоризонталната сигнализација ќе придонесе за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.