Во вторник, 2 јули, со почеток во 13:30 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи седмата седница за која е предвиден следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект асфалтирање на улици во с.Косел.
2. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот асфалтирање улици во с.Косел
3. Предлог Одлука за утврдување приоритет на проектот- основен проект за локален пат с.Вапила до с.Сирула
4. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот – основен проект за локален пат од с.Вапила до с.Сирула.
5. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект „Светецот и Војводата – означување и уредување на историски и излетнички локалитети во општина Охрид.
6. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот “Светецот и Војводата – означување и уредување на историски и излетнички локалитети во општина Охрид”.
7. Предлог Oдлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2013 год.
8. Предлог Oдлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2013 година.
9. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2013 година.
10. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП “Градски Пазар” – Охрид за периодот од 01.01-31.03.2013 година.
11. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски Гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01-31.03.2013 година.
12. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Погребни Услуги“ Охрид за периодот од 01.01-31.03.2013 година.
13. Предлог Одлука за утврдување на цени за користење на услуги на автобус сопственост на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
14. Предлог Одлука за давање согласност на Oдлуката за измени и дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
15. Предлог Одлука за измена и дополнување на статутот на јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори Билјанини Извори – Охрид.
16. Предлог Oдлука за дополнување на Oдлуката за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации за 2013 година.
17. Предлог Одлука за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (градежно земјиште и дворно место) во општина Охрид.
18. Предлог Одлука за определување на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (земјоделско земјиште) на подрачјето на oпштина Охрид.
19. Предлог Одлука за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.
20. Предлог Одлука за прогласување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општина Охрид.
21. Предлог Одлука за прием во сопственост на движна ствар специјално возило за лица со посебни потреби.
22. Предлог Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
23. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на годиштана Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2013 година.