За да им излезе во пресрет на сите осигурени лица во Република Македонија, ФЗОМ ќе овозможи барањата за издавање на електронска здравствена картичка да можат да се доставуваат и во сабота, 29 јуни 2013 година. Сите подрачни служби на ФЗОМ низ земјава ќе работат во период од 07:30 до 19 часот.
Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната Служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00.
Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто осигурениците ќе мое да достават барања за издавање ЕЗК во период од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на езк.
Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, се со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година.