Во рамки на активностите на здружението ПРОЕКТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА (Macedonian school project), во саботата, на 29 јуни, во просториите на ОУ Братство Единство во Охрид се одржа завршна приредба со децата кои беа вклучени во курсот на англиски јазик што го реализираше наставничка од САД, Jennifer Carroll.
ПРОЕКТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА е здружение кое постои повеќе од 5 години и во соработка со основачот од САД, господинот Tom Lineham, реализирани се повеќе активности со кои се обезбедени нагледни средства, спортска опрема, табли, книги и друг вид опрема во дел од охридските училишта. Со помош на ПРОЕКТОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА во ОУ Братсво Единство во Охрид, покрај другото беше помогнато и опремувањето на Анлискиот центар и Центарот за продолжен престој на учениците.
Оваа година, за првпат во рамките на активностите на ПРОЕКТОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА се реализираа курсеви за деца и возрасни од страна на наставнички од САД, Jennifer Carroll и Bonnie Belle Layne, кои многу посветено своето искуство и енергија се обидоа да го пренесат на 50 деца и 30 возрасни.
Носители на активностите од оваа програма во Охрид се Весна Терзиоска – педагог во ОУ Ванчо Николески и ОУ Живко Чинго и Емилија Паунковска – наставничка по англиски јазик во ОУ Братство Единство. Тие се задоволни од резултатите од оваа нова активност, подучување на деца и возрасни од страна на американски наставнички, па поради тоа се надеваат дека програмата и понатаму ќе се развива, а ова подучување на англиски јазик ќе продолжи и наредната година.
На манифестацијата на која присуствуваа родители и гости, беа доделени благодарници на американските наставнички и на ОУ Братство Единство за дадената поддршка, а сите ученици добија сертификати за успешно завршен курс.