Македонија и Австрија ја продолжуваат одличната соработка во одбраната и безбедноста

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, вчера оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Томас Михаел БАЈЕР и со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Австрија во Република Македонија, бригаден генерал Реинхард Шоберл и полковник Томас Ахамер.

На средбата која се оддржа со цел запознавање на министерот Џафери со новопоставеното аташе полковник Томас Ахамер, стана збор за одличните билатерални односи и соработка на полето на одбраната и безбедноста помеѓу двете земји, а беа разменети и искуства во областа на Воздушното набљудување.

Соговорниците ја потврдија и значајната улога на Република Австрија во поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Воедно на средбата стана збор и за оддржување на семинар на тема “Право на вооружен конфликт“ со професори/предавачи од Република Австрија во Република Македонија како и за продолжување на меѓусебната соработка во однос на образованието и едукацијата.