Во куќата на Уранија ќе биде отворена изложба на завршни проекти од „Архитектурата како перформанс“

Денес со почеток во 20:00 часот во куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата на завршни проекти од работата на меѓународната летна архитектонска школа насловена како „Архитектурата како перформанс“. Проектот, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, се реализираше како увертира на Фестивалот Охридско лето пред свеченото отворање на 12 јули.

Од околу десет идејни решенија изработени изминативе седум дена од студентите на  Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, насловени како КРЕАТИВЕН ОХРИД „СЕГА“ ќе бидат избрани најдобрите три кои пак ќе преставуваат можност за новиот лик на три локации, Долни Сарај, плоштадот кај чинарот и училиштето Свети Сава.

Претходно во 17:00 часот ќе се одржи презентација на учесниците на летната школа, а ќе бидат доделени и сертификати и благодарници. Настанот пак ќе биде збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт, на терасата на куќата Уранија.

IMG_0023 _DSC0421