Договорена откупната цена на пченицата

Мелничарите и производителите на пченица, на средба во Свети Николе, на која присуствуваше и министерот Љупчо Димовски ја договорија откупната цена за годинашната пченица. До 76 хл тежина, цената ќе биде 13 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 14 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 15 денари.

Двете страни, како што соопштија по состанокот, се задоволни од договореното.

Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито.

Ова е шеста средба на мелничарите и земјоделците. Минатата недела се одржа средба во министерството за земјоделство на која министерот Димовски препорача просечната цена на пченицата да биде 14 денари.