Успешно се одржа манифестацијата „Бело Лето“ на градскиот плоштад во Охрид

Илјадници посетители уживаа во концертот на Каролина Гочева на плоштадот „Св. Климент Охридски“, што се одржа во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со која официјално е отворена туристичката сезона во Охрид. Забавата ја збогатија Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг.

Присутните ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој посака успешна туристичка сезона, посочувајќи дека целта е Охрид да биде центар на забавата на Балканот. Покрај забавниот дел, гостите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со традиционалните занаети, кои беа изложени на посебни штандови на повеќе локации во градот.

Белата ноќ ја подржаа над 90 хотелски и угостителски објекти кои денеска работат 24 часа со попуст на услугите од 10 до 30 проценти.

belo_leto_4854 belo_leto_4852