Во Канада експлодира воз товарен со цистерни со нафта

Воз товарен со цистерни со нафта излетал од шините и експлодирал во Лак Мегантик во Канада. Нема информации за жртви, но неколку лица се водат како исчезнати.

Возот имал 73 вагони, а четири од нив експлодирале. Од пожарот уништени се 30 згради, евакуирани се над илјада жители. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 противпожарни возила.