Во Кина откриено примитивно писмо старо 5 илјади години

Кинеските археолози открија нов облик на примитивно писмо со знаци на камен за кое веруваат дека е старо 5 илјади години.

Иако мислењата се поделени во врска со овие цртежи, дали станува збор за зборови или некои симболи, кинеските научници се сложуваат дека ова откритие ќе помогне за откривањето за настанувањето на кинескиот јазик и култура.

Досега, најстариот запис на кинески е пронајден на животински коски, а датирал од пред 3600 години, од времето на династијата Шанг.

Во ископувањата извршени јужно од Шангај, во периодот од 2003 до 2006 година, пронајдени се повеќе од 200 делови со врежани симболи.

Според археолошкиот тим, ова писмо се разликува од симболите кои биле пронајдени во минатото на артефактите. Нивните облици се како да се во склоп на реченица, односно укажуваат на некакви изрази.