Горан Попов продолжува уште една сезона со англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион. Тој е позајмен играч од Динамо Киев, но има добри шанси за целосен договор во Англија.
„Среќен сум што сум повторно овде, ќе дадам се од себе за клубот. Минатата сезона дојдов малку покасно, додека чекав да се оствари трансферот. Добро е сега што сум овде пред сезона. Сега е време за подготовки, и ќе се подготвувам заедно со другите. Секогаш е добро кога има конкуренција. Лиам Риџвел е добар играч и имам респект кон него, но секој треба да се избори за своето место во тимот. Минатата сезона не одиграв многу натпревари, а секако се надевам дека ќе одиграм повеќе. Ја знам лигата сега и не се плашам од никого“, – изјави Горан Попов за официјалната веб-страна на Вест Бромвич Албион.
Минатата сезона Попов одигра 12 натпревари за ВБА. Нашиот интернационалец сака повторно да ја обнови и онака добрата врска со навивачите на клубот, кои дури му посветија песна „Popov the Albion man“ преработка на песната за Попај морнарот. Како што изјави Попов, тој се надева дека оваа сезона ќе ја слуша неговата песна на повеќе натпревари во споредба со минатата сезона.
WebOhrid