Стефан Ристовски позајмен во Латина

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски следната 2013/2014 сезона ќе игра за Латина, новиот италијански второлигаш.

Ова е четвртиот клуб на Ристовски во Италија, каде е пуштен на позајмица откако е член на Парма. Минатата сезона играше за Бари, а и претходно беше позајмуван на тимот на Фросиноне, како и Кротоне.

Парма се одлучи да го испрати Ристовски во Латина, со што нашиот репрезентативец би имал шанса да добие поголема минутажа.