Вечерва со почеток во 21 часот во предворјето на црква Св.Софија, на репертоарот на фестивалот „Охридско Лето“ се игра претставата „Кога бев мртов“, во режија на Диего де Бреа, Љубљана – Словенија, изведба на „Словенско Народно Гледалишче Драма“, Љубљана – Словенија.
Претставата „Кога бев мртов“ е инспирирана од истоимената бурлеска од германскиот режисер Ернст Лубич од 1916 година. На словенечкиот фестивал „Денови на комедијата“ 2011 во Целје, ја доби наградата за најдобра претстава, а режисерот Диего де Бреа на тој фестивал доби награда за најдобра режија.
Улогите ги толкуваат : Сопруг-Алојз Свете, Сопруга,Девојка-Јанез Шкоф, Баба,Мајка на сопругата- Јернеј Шугман, Додворувач, Шахист-Борис Михаљ и Пијанист-Јоже Шалеј.