Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.
„Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на гео – стратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој, претседател на Сахара Групацијата.
Инвестицијата на Сахара Груп се однесува на обезбедување на инфраструктура за извршување на земјоделските работи, набавка на машини, изградба на модерна фарма со современ систем на молзење и на најсовремена млекарница за производство на млеко и млечни производи.
„Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој.
Сахара Индија Паривар поседува десетици компании и има над милион вработени лица. Групацијата има компании во делот на недвижнини со проекти за изградба на населби, има големи инвестиции во делот на спортот во крикет, формула еден, поседува неколку медиуми, хотели во Лондон и Њујорк, Мумбаи, осигурителна компанија, во делот на производство на електрична енергија, здравство, студио за изработка на филмови, ИТ технологијата, туризам и образованието.
Инвестициите во Македонија се одвиваат во етапни фази поради долгиот рок и комплексноста на изведување на проектите.