Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на 40-та Галичка свадба.
Заедно со неколку илјади гости во Галичник, Иванови ја проследија свадбената церемонија на Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски, во духот на традицијата од мијачкиот крај.
„Навистина е голема чест да се биде покровител на Галичката свадба, настан кој е израз на сета наша автеничност, кој преку обновување на нашата традиција, обновување на обичаите, ни го пренесува заветот од предците, особено преку орото „Тешкото” кое ни кажува дека треба се да поминеме и се да истраеме, за да го почуствуваме она што доаѓа на крајот – слободата. Да си ја чуваме државата, и да ги негуваме сите обичаи и сите традиции кои не сплотуваат, не обединуваат и мислат за иднината“, изјави претседателот Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
Македонскиот претседател на младенците им подари икона со ликот на Исус Христос и им посака долг живот, многу радост и многу деца во семејството.