Заврши 43-та Галичка свадба

Со венчавката на Сандра Станковиќ и Александар Ристески во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник, заврши 43-та Галичка свадба. Повеќе илјади посетители од Македонија и од странство имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи. Годинава во центарот на вниманието беа зетот, 28-годишниот Александар Ристески, и четири години помладата невеста Сандра Станковиќ, двајцата од Скопје. Манифестацијата Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Со овации и громогласен аплауз беше поздравена изведбата на „Тешкото“ – оро на печалбарите, кое го изведоа играорци. На 43. тата Галичка свадба…

повеќе...

Невестинско оро ја блокира улицата „Мирче Ацев“

Најмногу свадби во Охрид се прават кога времето е најжешко, односно среде лето. Речиси и да нема хотел во Охрид во кој нема закажана свадба за време на викендите од мај па се до октомври. Оваа денешна свадба, поточно невестинското оро, за момент го блокира сообраќајот на улицата „Мирче Ацев“. Нека е со среќа! WebOhrid

повеќе...

Во струшко при семејна веселба повредени пет лица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“ и „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против лицето Н.В. (52) од струшкото село Џепин, поднесе кривична пријава. На трети овој месец околу 14,30 часот, пријавениот на свадбената веселба испукал повеќе куршуми од огнено оружје-пиштол кој го поседувал без дозвола. Притоа, неколку куршуми завршиле во бетонската плоча од неговата куќа по што се случило повредување на пет лица кои што присуствувале на свадбената веселба. Со повреди во пределот на…

повеќе...

Иванов: Галичката свадба е настан кој ни го пренесува заветот од предците

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на 40-та Галичка свадба. Заедно со неколку илјади гости во Галичник, Иванови ја проследија свадбената церемонија на Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски, во духот на традицијата од мијачкиот крај. „Навистина е голема чест да се биде покровител на Галичката свадба, настан кој е израз на сета наша автеничност, кој преку обновување на нашата традиција, обновување на обичаите, ни го пренесува заветот од предците, особено преку орото „Тешкото” кое ни кажува дека треба се да поминеме…

повеќе...