Трансфер на Остоја Стјепановиќ во Висла Краков

Македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ потпиша две-годишен договор со Висла Краков. 28 годишниот играч од средниот ред дебитираше за македонската репрезентација минатата година.

Остоја Стјепановиќ претходно настапуваше две сезони во Австрија за екипата на Матерзбург, една сезона помина во Казахстан во екипата на Тараз, а последните две сезони ги бранеше боите на Вардар.

Како играч на Вардар, Стјепановиќ минатата (2012) година беше прогласен за домашен фудбалер на годината.

WebOhrid